Алан Форд

10.07.2012 12:52
Алан Форд

Алан Форд е познат италијански стрип кој го создадоа Макс Бункер (Лучиано Сечи) и Магнус (Роберто Равиола) во 1969 година. Јунаците на стрипот се тајни агенти на групата ТНТ, а нивните случки се преполни со сатира и црн хумор на сметка на западната култура.Стрипот го добил името по главниот јунак, скромниот, наивниот и добриот младич по име Алан Форд. 


Со годините имаше многу обиди стрипот да се извезе на странскиот пазар. Алан Форд започна да излегува во Франција и Бразил, но само после неколку епизоди изданието беше укинато.

Но, кога стрипот стигна до поранешната СФРЈ доживеа невиден успех. Во државите на поранешна Југославија (особено во Хрватска) Алан Форд стекна култен статус. Доказ за тоа е фактот што стрипот сѐ уште редовно излегува.

Алан Форд одамна ги премина рамките на стрип и стана дел од социјалниот жаргон. Бројни сцени од стрипот и денес можат да се пронајдат како асоцијации во новинарските колумни.

Авторите на стрипот на допадлив начин упатија критика на модерната сегрегација на општеството – класичен пример е сцената во која се прикажува таканаречената „плажа за богати и сиромашани“ – плажа со ограда преку која богатите на сиромашните им фрлаат отпадоци.

Групата TNT се состои од тајни агенти кои оперираат во Њујорк, седиште им е цвеќара која е само параван за нивните состаноци. Агентите се анти-таленти во сите погледи, но и покрај тоа успеваат да ги разрешат и најкомплицираните задачи – најмногу благодарејќи ѝ на својата досетливост и чиста среќа.

Со групата управува мистериозниот „Број 1“ – старец инвалид за кој никој не знае точно колку години има (наводно повеќе од илјада).

Русокосиот Алан пораснал во сиропиталиште, а во групата ТНТ доаѓа сосема случајно. Ја започнува кариерата како цртач на реклами и за својата прва работа доаѓа на погрешна адреса - токму во цвеќарата на групата ТНТ.

Алан Форд по природа е наивен и срамежлив и можеби единствен член на ТНТ кој се држи до какви-такви морални вредности. Поради својата добродушна природа другите обично го искористуваат. Тој е романтичар и често се вљубува во девојки кои му го кршат срцето.

Боб Рок е најдобриот пријател на Алан и еден од клучните луѓе во Групата ТНТ. Тој е со низок раст и има особено голем нос. Тој е единствениот член на фамилијата Rock кој не се оддал на криминал – има 3 брата близнаци кои речиси секогаш се во затвор. Татко му погинал за време на грабеж на банка, а мајка му завршила на електрична столица.

Многу е темпераментен и чувствителен на сите облици на неправда – особено на фактот дека е сиромашен и често гладен.

Грунф е поранешен германски воен пилот и пронаоѓач. Способен е со речиси непостоечки буџет да конструира бројни направи. Во една епизода дури и изгради ракета која го лансира Алан во Канада.

Грунф е потполно верен на групата ТНТ и на својот водич Број 1. Често носи маици со досетливи натписи, како на пример: „Кој лета вреди, кој вреди лета, кој не лета не вреди“

Број 1 е водач и основач на групата ТНТ. За него се знае многу малку, но затоа тој знае и памети речиси сѐ. Се претпоставува дека има и преку 1000 години (наводно учествувал и во Тројанската војна).

Сер Оливер е англиски благородник кој поради проблеми со законот морал да имигрира. Специјалист е за измами и кражби поради што живее далеку подобро од остатокот на групата ТНТ.

Култната сцена која се повторува низ Стрипот е Сер Оливер во телефонска говорница каде што разговорот секогаш го започнува со „Еј Бинг, како е брат?“. После тоа следи предлог за продажба на некоја украдена скапоценост со поттик: „Цената? Ситница.“

Шефот или „дебелиот Шеф“ е член на групата ТНТ кој потполно неоправдано го носи прекарот бидејќи не работи баш ништо. Деновите ги поминува во цвеќарата со колегата Јеремија каде што главната работа им е спиење.
Само понекогаш Шефот учествува во некава тајна задача.

Јеремија некогаш работел како уличен продавач на лимони, а сега како полноправен член на групата ТНТ води во бескорисност.

Според своите сопствени зборови постојано е на умирање, а боледува од сите познати и непознати болести.
Ако не плаче и не се жали, тогаш спие.

Нослето е куче кое непрестано се врти околу цвеќарата на групата ТНТ и бувкално се смета за полноправен член.

Редовно може да се затекне во друштво на Боб Рок со кој често учествува во опасни мисии.

Носле е изразито интелегентно за едно куче и често останатите членови ги спасува од неволји. Секогаш е гладен и може да се поткупи со храна.

Стрипот изобилува со бројни негативци кои често им се спротиставуваат на членовите на ТНТ. Меѓу нив најмногу се истакнува легендарниот Суперхик.

Суперхик е инверзија на Робин Худ – тој граби и краде од сиромашните за да им даде на богатите. Неговата моќ е неговиот страшен алкохолен здив од кој сите паѓаат во несвест.

Преку ден работи како чистач на улици, а преку ноќ станува мистериозниот Суперхик.

извор: advance.hr

А да се потрудевте малку

А да се потрудевте малку подобро да ги препеете имињата на македонски? И општо лекторирање на текстов не би било на одмет. Кога текстов би бил јазички исправен, верувам дека полесно би допрел до читателот. Јас пораснав со „Алан Форд“, па не ми беше тешко да ја разберам пораката, но не можам да поминам преку „кради“ наместо „краде“ и „плавокос младич“ наместо „русокосо момче“. Следниот пат веројатно нема да имам трпение да читам до крај.

Јунаците на стрипот се трајни

  • Јунаците на стрипот се трајни агенти
  • преоплни
  • Алан Фрод
  • сиромшани
  • сиромшаните
  • успеаваат
  • благодарејќи
  • одраснал
  • близанци
  • речеси
  • чувствивтелен
  • ракета која го лансира на Алан во Канада.
  • Грунф е потполно оддан на групата ТНТ на својот водич Број 1
  • некое украдена скапоценост
  • Стиница
  • сооучествува
  • Јермиј
  • Ако не плачи
  • сооучествува
  • бувкално
  • интелегентен

Најдете друго дете.

Да им пуштиме некои од нашите

Да им пуштиме некои од нашите деца. Квалитетни, образовани.

Знаењето е сила, знаењето е моќ!

Осмели се, направи го првиот чекор!

Ви благодариме на

Ви благодариме на укажувањата. Ќе внимаваме во иднина грешките да не се повторат. 

интелегентно Бројот и типот

  • интелегентно

Бројот и типот на грешките во текстот наведуваат на слаба писменост и незаинтересираност кај преведувачот. Второво се поправа, првото тешко.

Исто така времето не е

Исто така времето не е погодено, се добива впечаток дека авторот на текстот им светел на авторите на стрипот додека го создавале („стрип кој го создадоа“, „изданието беше укинато“ итн.).

За реченицата почната со „Но“ не сум сосема сигурен дека е проблем, но јасно се сеќавам на учителката во основно како не караше за тоа.

That's way more clever than I

That's way more clever than I was eexptcing. Thanks!

I'm really into it, tkhans

I'm really into it, tkhans for this great stuff!

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото