Иритантната двојка од фејсбук конечно раскина

08.10.2012 10:55
Иритантната двојка од фејсбук конечно раскина

Скопје, 8 октомври 2012 година

Розалина Романтикова и Ромео Шармерски, кои според сведочењето на нивните пријатели на фејсбук, ги вознемирувале сите со честите љубовни статуси, на општо задоволство, синоќа ја прекинаа својата врска.
Откако ја официјализираа својата врска на фејсбук по дводневно онлајн дружење, тие на своите профили закачија фото албум со наслов „Ова мора да е љубов“. 
Но, за кратко време, односно вчера, тие ја прекинаа својата врска.

-Мило ми е што тие веќе не се заедно, затоа што беа апсолутно неподносливи, вели еден од нивните пријатели. Ми станаа досадни со нивните љубовни пораки и статуси. 

Пријателите на Розалина и Ромео едногласно се сложуваат дека најлошо било кога овие двајца направиле уште еден заеднички профил од кој на сите пријатели им пратиле барања за пријателство.

-Никако не треба да се заборави ни моментот кога и двајцата беа во фаза и на својот тајмлајн почнаа да постираат текстови од емотивни песни. Не можам да ви опишам колкава мачнина чувствував додека го гледав тоа, изјавува една пријателка на Розалина.

Како што неофицијално дознаваме, мајката на Ромео е воодушевена од фактот што Ромео повеќе не е во врска со Розалина. Мајката ни призна дека откако Ромео ја започнал оваа сајбер врска, таа го избришала својот фејсбук профил во знак на револт.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/