Грујо си игра господ

10.10.2012 13:04
Виц икона

Едно мало дете многу сакало да има 10 000 денари и се молело две недели, ама ништо не се случило. Тогаш решило да му напише писмо на господ во кое бара 10 000 денари. Кога во поштата го отвориле писмото адресирано до господ, решиле да му го испратат на Никола Груевски.

Премиерот бил толку имресиониран и трогнат, што ѝ наредил на секретарката да му испрати на детето 1000 денари, мислејќи дека за него тоа се големи пари.

Детето било многу задоволно со 1000 денари и напишало писмо во кое му се заблагодарува на господ.

„Драг господе, ти благодарам многу за парите. Сепак, забележав дека поради некоја причина си морал да ги испратиш преку владата. Ништо чудно што фалат 9000.“

ОкоБоли главаВицФото