Први докази за постоење на ирански халал интернет

12.10.2012 13:03
Први докази за постоење на ирански халал интернет

Со години иранските официјални лица најавуваа создавање на паралелен, т.н. халал интернет, кој ќе биде сосема одвоен од world wide web и ќе ги промовира исламските морални начела во рамките на безбедниот национален кибер свет.

Независниот истражувач од Вашингтон, Колин Андерсон, откри нови докази за елементите на овој интернет кои веќе постојат.

Во 2010 година, во рамки на петгодишниот план за развој, иранската влада повика да се креира овој вид интернет, иако активистите предупредуваа дека тоа би можело да доведе на потполна изолација на Иранците од светската мрежа и дека таквиот потег би значел почеток на крајот на дигиталната слобода во таа земја.

Според планот, до почетокот на 2013 година сите ирански универзитети требало да бидат дел од новата мрежа. Иран веќе блокираше повеќе милиони интернет страници и е една од земјите со најголема цензура во светот. Неодамна беше блокиран и пристапот до сервисите на Гугл, вклучително и Gmail, како знак на протест против антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“, но после побуните во јавноста, владата повторно го врати Gmail во употреба.

За да спречат таквите случаи, Иранците планираат да обезбедат алтернативен e-mail систем кој ќе може да стои рамо до рамо со Gmail, пишува магазинот New Sciencist.

Колин Андерсон со помош на соработниците од Иран открил дека телекомуникациските компании во таа земја му доделуваат две IP адреси на секој уред од кој се пристапува на интернет. Една за пристап на регуларниот интернет, а друга за интерната мрежа. Оваа интерна мрежа има капацитет од седумнаесет милиони IP адреси, а со истражувањето е утврдено дека повеќе од десет илјади уреди се дел од таа мрежа. Најголем дел од корисниците пристапуваат на интернет од своите домови, а покрај нив, тука се и владините функционери и комерцијалните страници. Содржините на оваа интернет мрежа ги сочинуваат академските страници и e-mail сервисите.

Рутерите кои го контролираат сообраќајот на интернет во Иран и надвор од земјата се опремени со филтери за веб страниците.

Иран има одлични софтверски инженери, така што креирањето на сопствен e-mail сервис не би претставувало проблем. Меѓутоа, би можел да настане проблем кај хардверскиот дел од планот, поради ембаргото кон Иран за увоз на електроника.

Извор: klix.ba

ОкоБоли главаВицФото