Готвач

11.12.2012 17:48
Готвач

Да се престојува во Грција додека во Словенија се создава народен отпор кон власта ниту демократски избрана, ниту разумно определена, изгледа како незаслужена награда: во една од многуте пораки за организирање отпор што секојдневно ги добивам, некој објасни дека отпорот не успева во Грција затоа што домашните мислители „не го промилсуваат“: море го премислуваат, само што никој не чита грчки, како што никој не чита ни словенечки, а наместо провинцијалната надменост, би можеле да ја извршиме основната работа на читање, преведеување, накратко знаење. На пример, Леонид Хаџипродромидис, авторот на една од најдобрите книги за распадот на Југославија, неодамна објави моќна и убедлива критика на пет-шест дела на Жижек преведени на грчки, во Athen’s Review of Books (на грчки), со голем одзив во домашните медиуми; словенечките медиуми регистрираа само уште еден триумфален настап на Жижек во Атина. Леонид смета дека основниот проблем на Сириза е тоа што нема сериозна програма и што водачите и претставниците немаат доволно знаење. Што се однесува на словенечкиот отпор, смета дека токму неочекуваноста и иновативноста можат да донесат резултати. По ноќната дебата со Леонид, очекувано, почнува страшна бура. Во следното, кристално чисто утро, патуваме во Теба.

Теба (во денешниот изговор Тива) е еден од најживите градови во Грција: утринскиот метеж може да се спореди само со метрополите, се слушаат разли јазици, многу често панџаби, јазикот на којшто говорат Пакистанците. Во Теба е една од најголемите градски популации на Роми во Грција. Есенската свежо зелена трева ги покрила гробовите на „Едиповите деца“ – тоа е градскиот парк, целиот град е изграден врз античкиот град, па не нема начин повторно да го видиме. Пред неколку години компанијата Hewlett-Packard му понуди огрома сума пари на градот за да се направат темелни ископувања. Ова е значајно бидејќи под Теба со сигурност се наоѓаат палати, светилишта, архиви пишувани со Линеарно писмо Б, еден дел е пронјден досега. Но, градот не се согласи на тоа. Таков каков што е денес, грд, импровизиран, со понекоја откриена рушевина, градот можеби уште повеќе му удира во глава на секој оној што ги читал тебанските трагедии на Есхил, Софокле и Еврипид. Седумте порти на Теба, што некогаш беа нападнати од седумте јунаци, може да се најдат во градот, понекогаш како столбови вградени во мизерни куќи. „Едиповата чешма“, некогаш бледо насликата бетонска грдотија, денес е подискретен архитектонски комплекс. Но, кралската и недемократска Теба била најдобар пример за атинските граѓани, односно за театарската публика, за конструктијцата и деконсктрукцијата на граѓанскиот (машки) идентитет: се случило во Теба, припаѓа на светот на митот и сјајот, а се однесува на нас. Кога сум во Атина, работам и истражувам, кога сум во Теба, им давам наслови на моите книги. Додека оние помалку среќните од мене бркаат работи по тебанските судови, археолошката и катастарската управа, јас барам локал да се вгнездам. Од минатата година кафеаната е затворена, останува еден од двата ресторани-таверни на главната пешачка улица. Сè е завршено порано од очекуваното, останува време да се руча. И тука се појавува тој – готвачот. Млад, мал, љубезен, со пријатен глас. Има прецизна идеја како да спреми скромен оброк за двајца. И тогаш, чудо: секоја состојка од оваа сиромашна храна е совршена, подготовката ги преминува највисоките стандарди. Јадењата се вообичаени и домашни, но секое од нив има нота што го издава врвниот мајстор-готвачот, којшто и служи. Со гордост истакнува дека најмногу ја сака таверната предпладне (точното име на локалот е „продавница за мезал’к“). По неговата препорака, има само едно главно јадење, останатото се салати и додатоци: тоа е „саганаки“ со ракови, „на бело“. Смелата комбинација на печено сирење и ракови е дополнета со неколку зачини, на коишто би се досетиле само гениите на готвењето. Живееме во опесисвно поп-кулинарско време: освен каналите со рецепти на најантипатичните типови и најнеспретните готвачки од белиот свет, и сите локални телевизии се преплавени со самопрогласени „готвачи“. Ништо ново, од античкото хеленистичко време во урбаната култура се појавува ново лице, кулинарскиот уметник, „готвач“, што ја задоволува размазеноста на моќните и богатите во градовите, а и театарската публика, како омилен комичен лик. Таквиот недостасува денес – затоа мојот омилен готвач е „шведскиот готвач“, од Мапет...

Тебанскиот готвач којшто покажа вистинска виртуозност се разоткрива – други гости и нема. „Претпоставувам забалежувате дека не сум одовде“, вели тој насмеан. Ни ние не сме, одговараме. „Јас сум Албанец“, вели тој, „од Валона“ (денес Влора, на југот на Албанија). Школуван е во социјалистичката школа, точно знае каде е Љубљана и кои се соседите на Словенија. Има семејство, две постари деца во училиште, третото е уште мало. Препознаваме типична приказна: малите Албанци, подобро мотивирани од своите грчки соученици, обично имаат подобар успех во основните училишта. Малку по малку, во медиумите стасуваат новостите за расистичкиот инцидет што го предизвикале родителите, затоа што некој мал Албанец избрал, да речеме, да рецитира патриотска песна на училишната приредба...Родителите на готвачот можеби се плашеле да зборуваат албански пред постарите Грци, затоа што тогаш тие би ги разбрале: тој веќе не се плаши од старци и старици со забрането потекло. Се плаши единствено од новата грчка младина – многу специфичната грчка младина. Се работи за Златна зора, неонацистичката партија што влезе во парламентот. Светските медиуми сакаат да известуваат за нив, најголем дел сакаат да ги мразат. Грчките златозорци ги тепаат случајно избранте не-Грци на улиците, ги водат изнемоштените старци и старици до банките, им ги носат торбите од самопослуга, им ветуваат вработување на невработените, само на „чистите Грци“, сакаат да даваат крв само за Грците, што болницте засега одбиваат, сакаат да се движат во групи, со факели, облечени во парамилитарни облеки, урлаат и во ритам мавтаат со тетовираните раци; но особено сакаат да претепаат внимателно избран сопствеинк и уште да му ја уништат целата работа на успешниот негрчки претприемач; тебанскиот готвач добро знае од кого треба да се плаши. Само што закажаа голем протестен митинг на 15. декември во Атина – тивка прошетка од парламентот до Акропол. Петицијата на европското здружение за борба против фашизмот (EGAM) ја потпишаа многу славни личности, и во неа се бара дирекна акција за исфрлање на неонацистичките пратенници (во текстот се менувани како гангстери) од грчкиот парламент; процесот на исфрлање на златозорските пратеници од Европскиот совет веќе е започнат. Некои партии како Сириза и ПАСОК веднаш ја прифатија акцијата: во јавните расправи, се јавуваат вообичаените мудреци што би ги истражувале и казнувале прекршоците и злосторствата индивидуално, независно од партијата чиишто членови ги извршиле. Тоа е клучна грешка, што наскоро може да има негативни последици за сите, не само за Грците. Уште побесмислено е да се размилсува за општествените услови што доведуваат до гласање за оваа партија: со нејзино укинување се подобруваат општествените околности на обесправените и оние чиишто привилегии им се одземени, полесно е да се размислува за превентивни мерки, јавниот говор не е контаминиран. Општеството што сака да се справи со кризата не смее да дозволи никакво внатрешно комуницирање со такви групи и партии, затоа што со тоа се загрозуваат човековите права. Тие не се никаков симптом на ништо друго, освен на злото наменето за уништување на чувствителното ткиво на општеството – на секое општество. Особено на оние што самите се избориле за тоа што го имаат, инвентивните, оние драгоцените за секое општествто – како што е нашиот тебански готвач.

Извор: pescanik.net 

ОкоБоли главаВицФото