Минијатурни прикази на уметници во ателје

14.03.2013 11:56
Минијатурни прикази на уметници во ателје

Малкумина се оние кои можат да се пофалат дека биле сведоци на создавањето на некое уметничко дело, макар и она класично, кое настанува во самотничката атмосфера на ателјето на уметникот. Затоа, уметникот Џо Фиг одлучи да „ѕирне“ зад затворените врати на ателјеата и да ни даде „увид“ во креативниот процес.

Преку своите минијатурни диорами обединети под името „Во ателјето на сликарот“, Фиг ни ги претставува творечките мигови на Џексон Полок, Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Анри Матис и други, разработени до детали.

Подолу може да ги погледнете овие неодоливи диорами.

Извор: www.joefig.com

ОкоБоли главаВицФото