Севернокорејски документарец: во САД бездомници јадат птици, се дрогираат и се убиваат меѓу себе

22.03.2013 11:57
Севернокорејска верзија на САД: бездомници јадат птици и се дрогираат

Освен заканите со вооружените сили, Северна Кореја отвори нов фронт во борбата против најомразениот непријател - Соединетите американски држави. Иако звучи и изгледа трагикомично, еден од инсертите од документарниот филм на пропагандната машинерија на Северна Кореја се занимава со сиромаштијата во САД. Колку и да е криминално режиран, севернокорејскиот филм сепак укажува на една непореклива вистина, а тоа е драматичниот пораст на бројот на сиромашни во најбогатата земја на светот.

Се проценува дека околу 50 милиони американски граѓани и граѓанки живеат под линијата на сиромаштија. Значаен дел од американското население е на чекор од бедата, додека повеќе од два милиони луѓе се во затвор, а пет милиони на условна слобода. Кога на тоа ќе се додаде растечката ерозија на граѓанските слободи, милитаризацијата и ширењето на полицискиот апарат, орвелизацијата на интернетот и растечката дехуманизација (со посредство) на високотешнолошките системи, потсмевањето на севернокорејскиот филм - без оглед на тоа дали сме државјани на Империјата или не - може да биде со краток здив, бидејќи инверзивниот тоталитаризам на Запад секој ден, во секој поглед, застанува на нозе и го покажува своето вистинско лице.

Извор: kontra-punkt.info

ОкоБоли главаВицФото