Слики од животот во Северна Кореја

11.04.2017 10:30
Слики од животот во Северна Кореја

Репортерот на „GQ Australia“, Дејвид Баидави, помина една недела во Северна Кореја и направи фотографии од секојдневниот живот во оваа изолирана држава.

Фотографиите што ги објави се од Пјонгјанг, но и од други помали места на јужната граница на Северна Кореја, каде се граничи со Јужна Кореја. Неговите фотографии ги прикажуваат местата што ги посетуваат туристите на строго определените тури со слетови и споменици, но тој ја фатил и осаменоста заробена во монументалната архитектура и луѓето што се движат во овие монолитни простори.

„Три години работев за да ја направам оваа приказна. Иако (речиси) секој може да патува во Северна Кореја, дозволите за новинарите и фотографите се ретки и стрго надгледувани од државата. Секако, немав интерес да бидам следен, како независен фотограф соработував со странска тур-компанија и група на експерти за виза за да безбедно можам да влезам и да излезам од земјата.

Кога станува збор за изолирани, антагонистички држави, имаме природна тенденција да се сомневаме во веродостојноста на која било слика што излегува од тие земји. Претпоставував дека ќе ни биде претставено блескаво, космополитско и беспрекорно шоу во организација на Министерството за туризам. Мојата цел беше да фатам и зраци на автентичност што неизбежно ќе ѕиркаат од фотографиите. Се надевам дека успеав. За тоа нека суди читателот.

Надвор од главниот град кој е како некоја машина од Дизниленд, работите се малку позаплеткани. Тоа се оние моменти - помеѓу, каде се гледаат мрзоволни ученици, уморни земјоделци и срамежливи, изолирани локални жители.

Како турист, апсолутно нема начин да бидете сам во Северна Кореја. Мора да престојувате во хотел наменет исклучиво за туристи, целосно изолиран од остатокот на Пјонгјанг. Цело време со вас имате двајца водичи. Не е можно сами да излезете од хотелот. Искрено, со оглед на последиците што сум го видел, таквата намера и не е привлечна. Имавме строга, внимателно оркестрирана маршрута и обично секаде нè носеа со автобус.

Забранети за какво било фотографирање беа војниците, и, чудно, градилиштата. Успеав да фотографирам неколку војници. Еднаш, си ја пробав среќата, фотографирајќи еден безбедносен контролен пункт покрај која помина нашиот автобус. Иако мислев дека сум бил суптилен, војникот веднаш ме виде. Тој го застана автобусот и го впери прстот кон мене. Веднаш бев отстранет и мојот фотоапарат беше проверен. Имав неверјатна среќа што брзо ги сокрив сликите, кои беа ужасно лошо дефокусирани. Ако таа фотографија значеше моја смрт? О навистина не беше толку вредна“, раскажува Баидави.

Тој вели дека каква било автентична, спонтана интеракција со локалните жители била невозможна. „Секој што го сретнавме во Северна Кореја, излезе дека директно работи или е одобрен од страна на Министерството за туризам. Ниту случајно не се мешавме со луѓето. Во метрото на Пјонгјанг, имаше многу исплашени погледи од локалното население. Таму ја фатив фотографијата на жената во возот.

Северна Кореја, како и сите општества кои се темелат на идолопоклонство и клептократија, навистина, ама навистина сака споменици. Што било што може дополнително да ја зацврсти националистичката гордост е победа - а импресионирањето на туристите е плус. Секој град што го посетивме или покрај кој поминавме, имаше најмалку две големи, бронзени статуи на Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил. Ја посетивме фабриката за статуи во Пјонгјанг, која ги произведува сите споменици. Излезе дека фабриката била ангажирана да изгради статуи и за неколку африкански држави.“

 

Извор: My Modern Met

ОкоБоли главаВицФото