1007 hPa
100 %
10 °C
Скопје - Саб, 04.05.2024 05:59
Скопје, 9 јули 2013
Немирите во Египет и падот на претседателот Морси предизвикаа проблеми и во македонското секојдневие. Граѓаните кои ги следат светските настани и секогаш заземаат страна, сè уште не почнале да навиваат за ниту една страна во египетските судири, затоа што претседателот Хорхе Иванов сè уште не се изјаснил на која страна припаѓа македонското срце.
Голем дел од граѓаните се плашат однапред да заземат страна, затоа што после евентуалната изјава на претседателот може да испадне дека ја дале поддршката на погрешно место.
„На Фејсбук сè уште имам еден куп лајкови за демонстрантите од паркот Гези, па ми стана шубе откако Хорхе кажа дека треба да навиваме за Ердоган. Нема да ја направам истата грешка и со Египет“, вели 38-годишниот А.М.
Пензионерката Мирјана вели дека веќе се јавила во кабинетот на претседателот за да праша кога ќе биде објавено за кого треба да се навива во Египет и што да се прави со срцето.
„Ми се јави една љубезна секретарка која рече дека треба да ги следам медиумите, затоа што се очекува мејл од Русија, преку Саудиска Арабија и Турција“, вели Мирјана.
Од неутралната позиција на Македонија најмногу страдаат туристичките агенции кои не продале речиси ниеден аранжман за Египет, бидејќи граѓаните не сакаат без став да патуваат во таа земја.
Адаптирано од: news-bar.hr