Првите паради на гордоста

22.07.2013 12:16
Првите паради на гордоста

Во дигиталната колекција на Њујоршката јавна библиотека можат да се пронајдат единствени фотографии кои живописно ја прикажуваат атмосферата и духот на првите геј паради во Америка од 1970-те години.

Тие биле одржани по протестите во Стоунвол, серија на насилни демонстрации на ЛГБТ лицата против полициските рации, кои се случиле на 28 јуни 1969 година во клубот Stonewall Inn во Гринич Вилиџ во Њујорк. Револуцијата Стоунвол често се наведува како првиот случај на побуна против прогонот на ЛГБТ лицата од страна на владата во американската историја, во кој учествувале голем број геј мажи, лезбејки, бисексуалци и трансродови лица.

„Sappho was a right-on woman”, „Straights for gays”, „Gay is good”, „Put the holy ghost in the closet”, се некои од пораките на транспарентите кои можат да се видат на овие фотографии од протестите на улиците на Њујорк, Сан Франциско и Чикаго.

Следната година, на 28 јуни 1970 година била организирана првата Парада на гордоста, во знак на одбележување на првата годишнина од револуцијата Стоунвол, која денес се смета за пресвртна точка и го означува почетокот на развојот на современите ЛГБТ движења во Америка и во светот.

Со цел да се одржи сеќавањето на демонстрациите, парадите на гордоста продолжуваат да се одржуваат ширум светот секоја година, токму во текот на јуни.



Извор: Brain Pickings

ОкоБоли главаВицФото