Надградба на предметите со цртежи

28.09.2013 11:48
Надградба на предметите со цртежи

Алекс Солис е американски уметник и илустратор кој најчесто своите цртежи ги наменува за апликации на маици. Неговиот едноставен стил е препознатлив и пријателски, а цртежите повикуваат на откривање на еден друг живот на предметите од секојдневниот живот.

Зад секој најобичен предмет, Солис препознава приказна која ја „допишува“ (т.е. доцртува), а крајниот ефект секогаш резултира со изненадување за оној што ги гледа цртежите. Навидум едноставна и наивна, уметноста на Солис нè води во авантура во која се отвораат нови перспективи и се менува начинот на гледање на светот околу нас.

Извор: cargocollective.com

ОкоБоли главаВицФото