МПЦ ја намалува цената на крштевката за да го поттикне наталитетот

02.10.2013 10:07
МПЦ ја намалува цената на крштевката за да го поттикне наталитетот

Скопје, 2 октомври 2013

Цената на крштевањето според православните обичаи ќе биде спуштена дури за 50% за да се поттикне наталитетот во Македонија, јавуваат домашните медиуми.

Во МПЦ велат дека борбата против белата чума, која посредно доведе и до намалување на бројот на верници, е еден од приоритетите на црквата.

„Истражувањата кои ги спроведовме говорат дека цената на крштевањето е една од главните пречки со кои се соочуваат младите брачни парови при одлуката дали да имат деца или не. Со одлуката да ја намалиме цената за 50% сакаме да ја отстраниме таа пречка“, вели за Пара вести Господин Господин Стефан.

Тој додава дека „во нашето трагично време ништо не е толку загрозено како бракот и семејството“ и изрази надеж дека ставањето на крштевката на акција ќе помогне за спречување на тој негативен тренд.

Поглаварот на МПЦ заклучи дека е крајно време црквата и државата да направат нешто за поттикнување на наталтетот, како и духовна и морална обнова на македонскиот народ, и дека поевтинувањето на услугата за крштевање е најлогичен чекор во таа насока.

Како што Пара вести неофицијално дознаваат, ова е само прва иницијатива со која МПЦ ќе се обиде да влијае на зголемување на наталитетот. Во план е и воведување на „happy hour“ каде крштевањето ќе чини само 10% од својата вистинска цена, како и акција со која секое трето крштевање ќе биде сосема бесплатно. Исто така, сите крштевања до 1 ноември ќе вклучуваат и гратис молитва за здравје.

Извор: www.njuz.net