Царството на летечките бродови

21.11.2013 11:21
Царството на летечките бродови

Луиџи Прина е 83-годишен пензиониран архитект од Италија чие студио е претворено во волшебен свет на летечки бродови, кои ќе ги одушеват дури и оние кои немаат поим од макетарство. Импресивната колекција на рачно изработени механизми виси од таванот, правејќи го овој работен простор бајковито место.

Прина почнал да изработува макети на бродови уште како тинејџер, а на 16 години освоил награда за еден од своите модели - судиите биле изненадени од умешноста на младиот уметник. Педесет години подоцна, се обложил со венецискиот сликар и бродоградител Еуџенио Томиоло дека ќе конструира брод кој лета. Малку потоа, обајцата биле маѓепсани од глетката на летечкиот брод над нивните глави.

Во годините по пензионирањето Прина целосно се посветил на своето хоби и во последните 20 години конструирал повеќе од 200 летечки бродови, користејќи тенка хартија, мали дрвени парчиња и лесни мотори кои овозможуваат бродот да се движи во височина.

Извор: www.beautifullife.info

ОкоБоли главаВицФото