Заборавени куќи

14.05.2012 13:17
Заборавени куќи

Интернетот, како огромна архива на сето она што ви е потребно, често е основната „сировина“ за делото на многу уметници.

Голем број автори низ светот, видео или аудио уметници, дизајнери, фотографи сликари и други креативци во своите дела се користат со материјали најдени, преземени или купени на светската мрежа.

Токму туѓите фотографии послужија за фотографскиот проект „Broken Houses“ на уметницата Офра Лапид од Тел Авив.

Имено, оваа авторка својот проект го заснова на фотографии од напуштени и занемарени градби, уништени од страна на човекот или нагризани од забот на времето, кои потоа ги печати и ги сложува во тродимензионални модели кои ги документира преку нивно фотографирање. Фотографиите за своите дела Лапид ги наоѓа на интернет, поточно ги презема од еден аматерски фотограф од Северна Дакота кој, како што истакнува оваа уметница, опосесивно го документира процесот на распаѓање на некои куќи.

Опишувајќи го својот стил, израелската уметница нагласува дека главни субјекти на нејзините истражувања се семејните домови, архитектонските структури и вообичаените градски пејзажи во кои го бара бизарното, надреалното, катастрофичното, поетичното и необичното.

Лапид користи само материјали кои можат бесплатно да се преземат, а ваквиот начин на работа ѝ пружа слобода за манипулирање со сликата. Промената на значењата, бруишењето, сечењето, копирањето и лепењето, како и изградбата на малите модели и нивно колажирање се само некои од процесите кои авторката секојдневно ги подразбира во својот начин на работа.

Повеќе за нејзините останати проекти можете да најдете овде.

Извор: ofralapid.com

ОкоБоли главаВицФото