Скопски метеж

27.11.2013 11:09
Скопски метеж

„Скопски метеж“ е хип-хоп дуо во кое членуваат Горан Матески-Гого и Глигорије Глигоров - С.у.к.93. Групата постои од 24 април 2010 година и до денес има остварено голем број настапи.

Рап музиката на „Скопски метеж“ има и примеси на блуз, џез и алтернативен рок, а се „крчка“ во студиото „Нирвана рекордс“ кое постои од 2009 година.

На 8 март оваа година беше издаден првиот абум на оваа група, кој го носи насловот „За Тебе“. На албумот може да се најдат осум песни, од кои повеќето се однесуваат на жените.

Продуцент на „Скопски метеж“ е Горан Матески, додека Глигорије Глигоров, освен што е MC во групата, исто така е и писател и виолинист. Глигоров летово ја објави и неговата прва книга насловена како „Касета од животов“, составена од тринаесет живописни приказни.

Во продолжение, го претставуваме видео записот од песната на „Скопски метеж“ насловена како „Духот на градот“.

За оние кои се заинтересирани, албумот „За тебе“ може да се набави во Југотон по цена од 150 денари, а книгата „Касета од животов“ во книжарницата „Три“ по истата цена.