1015 hPa
46 %
22 °C
Скопје - Нед, 12.05.2024 16:59
По ретро разгледниците од Куманово, претставуваме петнаесетина стари црно-бели разгледници од Битола. Дел од разгледниците потекнуваат од периодот помеѓу двете светски војни (можеби и од почетокот на XX век), а други најверојатно од периодот 1950-1960.
Најчесто, како некакви знаменитости вредни за покажување, на разгледниците се прикажани народната банка, гимназијата, народниот театар, градската општина, саат кулата и Исак Џамијата. Една од разгледниците е посветена на антифашистичката револуционерна борба и на неа се прикажани четири фотографии од македонските партизански единици.
Извор: documents-mk.blogspot.com