Љубов во време на адвертајзинг

03.02.14 10:26

Можеби Дејвид Боксер и Мет Беренти со своите филмови никогаш не ја достигнаа славата на хитовите на Пиксар, но нивниот краток анимиран филм „Љубов во време на адвертајзинг“ ги има сите квалитети потребни да им го задржи вниманието на гледачите и да ги окупира и подолго од 8 минути, колку што трае филмот.

„Ова е анимирана музичка љубовна приказна за младич кој живее во билборд. Кога ќе се зљуби во една убава девојка која живее од другата страна на патот, тој го користи единствениот начин со кој знае да го сврти вниманието врз себе - преку рекламите“, објаснуваат авторите.

Извор: Gizmodo

ОкоБоли главаВицФото