Фатва: муслиманите да не одат на Марс!

20.02.2014 11:49
Фатва: муслиманите да не одат на Марс!

Општата администрација за исламски прашања (GAIAE)од Обединетите Арапски Емирати ги предупреди муслиманите да не одат на патување Марс бидејќи „тоа претставува реална опасност по животот“.

GAIAE наведува дека секој што ќе се одлучи да оди на „толку опасен пат“ ќе умре „без исправна причина“ и ќе биде изложен „на слична казна предвидена за самоубиство“.

Британскиот дневен весник Daily Telegraph наведува дека фатвата е најверојатно објавена како одговор на минатогодишнaта иницијатива на холандската компанија „Mars One“ да испрати четири лица на пат „во еден правец“ кон Црвената планета во 2022 година.

„Таквите заминувања во еден правец претставуваат опасност по животот и не можат да бидат оправдани во исламот“, се наведува во фатвата.

„Заштитата на животот од секаква можна опасност е прашање апсолвирано во сите религии и јасно истакнато во стихот 4/29 од Светиот Куран: Не се самоубивајте и не убивајте други“, вели професорот Фарук Хамада.

Повеќе од 200.000 луѓе се пријавиле за заминување на еднонасочна мисија на Марс.

Цела на компанијата Mars One е да основа човечка населба на Марс и смета дека тоа ќе биде следниот гигантски чекор на човештвото. Сепак, експертите се сомневаат во финансиската оправданост и практичната изводливост на проектот.

Извор: The Telegraph