Животот во Берлин неколку години пред падот на Ѕидот

27.02.2014 11:02
Животот во Берлин неколку години пред падот на Ѕидот

Берлинскиот ѕид ги делеше Источна и Западна Германија речиси триесет долги години, со цел да го спречи бегството на жителите на ДДР во Западна Германија. Подигнат е преку ноќ во 1961 година, потоа повеќе пати засилуван, а падна исто така одеднаш како што беше и изграден, 28 години подоцна, кога Германците повторно се обединија.

Секојдневниот живот во градот поделен со бетонска бариера не бил лесен за неговите жители, а многумина и загинале обидувајќи се да преминат во Западен Берлин.

Фотографот Крис Џон Дјуит го документирал овој важен дел од германската историја, а успеал да го фотографира Берлинскиот ѕид од двете страни. Пустите улици, напуштените згради и непрегледниот ѕид кој се протега дури на 45 километри во градот Берлин, Дјуит ги фотографирал од почетокот на 1980-тите години, па сѐ до конечното обединување на Германија.

„Двајца млади полицајци ме запреа затоа што почнав да фотографирам во Источен Берлин. Проблемот беше тоа што од точката на која стоев, зад ѕидот можеше да се види зградата на Рајхстагот, а според законите на ДДР не беше дозволен ни тој фотографски увид во Западен Берлин“, се сеќава Дјуит.

Подолу може да погледнете дел од богатата збирка фотографии на Дјуит од поделениот Берлин.

Извор: chrisjohndewitt.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото