ФИФА дозволи носење турбани и шамии за време на натпреварите

03.03.2014 13:15
ФИФА дозволи носење турбани и шамии за време на натпреварите

„Одлучено е дека жените можат да ја покријат главата додека играат натпревар“, изјави генералниот секретар на ФИФА Жером Валке на состанокот на Управниот одбор на Меѓунардната фудбалска асоцијација.

Валке додава дека ова им е овозможено на муслиманските жени на барање на заедницата Сики која живее во Канада.

Тој нагласи дека и мажите имаат право да игаат со турбани на глава.

„Важно е бојата на турбанот да биде усогласена со бојата на опремата“, изјави Валке.

До 2012 година ФИФА забрануваше носење марами, поради страв од ризиците за повреда на главата или вратот.

Во меѓувреме, ФИФА дозволи еден пробен период да се дозволи носењето марами, на барање на Азиската фудбалска конфедерација, што очигледно се испостави како успешен тест.

Француската фудбалска федерација реагираше на најновата одлука на ФИФА за укинување на забраната за носење марами со соопштение во кое се наведува дека тие и понатаму ќе ја задржат забраната, бидејќи ја почитуваат Франција како секуларна држава.

„Забраната за носење какви било религиозни обележја останува на сила“, се вели во соопштението доставено до AFP.

Извор: BBC