Тунис го спасува родниот град на Дарт Вејдер

09.04.2014 13:40
Тунис го спасува родниот град на Дарт Вејдер

Властите во Тунис вчера соопштија дека покренале меѓународна донаторска конференција за да се спаси од пустинскиот песок славниот филмски сет од научнофантастичниот серијал „Војна на ѕвездите“.

Фиктивниот град Мос Еспа, „родно место“ на главниот јунак на приказната за џедаите, Анакин Скајвокер (Дарт Вејдер), е сместен во Онг Џемел, на југот на Тунис, во голем дел веќе е затрупан со песок.

Туниското министерство за туризам заедно со неколку здруженија ја покрена кампањата „Да го спасиме Мос Еспа“, со цел да се соберат околу 137.000 евра за реставрирање на оваа локација која е користена за снимање на четвртата епизода од популарната франшиза „Нова надеж“.

Владата на Тунис издвои одредени средства за почеток на работите, а остатокот од парите треба да биде обезбеден преку донации. Сумата која ќе се собере треба да овозможи филмскиот сет, кој е место за „аџилак“ на фановие на серијалот, да биде сочувано во следните десетина години.

Извор: www.abc.net.au

ОкоБоли главаВицФото