Портрети на африканските кралеви

29.04.2014 11:09
Портрети на африканските кралеви

Францускиот фотограф Даниел Лен поминал повеќе години на африканскиот континент барајќи ги и фотографирајќи ги водачите чиишто династии ја одбележале историјата на своите земји сѐ до средината на XX век.

Лен се фокусирал на кралевите кои продолжиле да го спроведуваат традиционалниот и спиритуален начин на владеење, кој луѓето од западниот свет тешко би можеле да го разберат.

Не било секогаш лесно да се добие дозвола за фотографирање, па затоа во многу случаи биле потребни деликатни „дипломатски“ преговори.

Помеѓу 1988 и 1991 година, Лен направил седумдесет портрети, оставајќи интересна и важна фото-белешка на историјата на африканскиот континент. Подолу пренесуваме дел од неговите фотографии.

Извор: twistedsifter.com

ОкоБоли главаВицФото