Грации

30.04.14 13:08

„Грации“ е серија фотографии на Черис Изис на кои се прикажани жени што ја преживеале борбата со ракот на дојка и биле подложени хируршко отстранување на едната или двете дојки. Серијата претставува силна и впечатлива компилација на слики кои истовремено повторно ја измислуваат женската убавина и ја будат храброста кај жените со слични искуства.

Во фотографскиот проект на Изис се забележува влијанието на хеленските скулптури. Ова влијание служи како визуелна референца на портретите, што може да се забележи и од позите на фотографираните жени, кои алудираат на она што долго време се сметало за идеал во поглед на убавината.

„Грации“ е еден вид надоврзување на претходните истражувања на Изис на женското тело и перцепцијата на женската убавина во современата култура.

Извор: the-grace-project.org

ОкоБоли главаВицФото