Фотографка 40 години по ред се фотографира разголена на нејзиниот роденден

07.10.2014 11:24
Фотографка која 40 години по ред се фотографира разголена на нејзиниот роденден

Фотографката Луси Хилмер е авторка на еден интересен и прилично долготраен проект: таа правела разголени автопортрети на својот роденден, и тоа цели 40 години по ред. Чинот на разголување за Хилмер е пркос кон пропишаната дефиниција на убавината. Бидејќи е жена со тенка фигура и класични „атрибути“, сакала да се дефинира себеси преку сопствените фотографии, наместо да ги прифати дефинициите на другите.

Настрана обидот за пркос и желбата да се постави свој стандард за убавина преку сопственото разголување, Хилмер на фотографиите изгледа убаво и кога е бремена, и кога е стара, во каква и да е атмосфера, бидејќи таа се чувствува убаво и удобно во сопствената кожа.

Портретите се со одлична композиција и креативно конципирани. На една од фотографиите таа го имитира обликот на скршеното парче дрво покрај неа, на друга композицијата ја динамизира нејзиниот гол сопруг свртен со грбот, што донекаде предизвикува комичен, но и стовремено и епски ефект.

Кога ќе се погледнат повеќето фотографии од овој проект по хронолошки редослед, изгледа како да станува збор за едно големо, долготрајно славење на телесната убавина.

Извор: Lens Culture

ОкоБоли главаВицФото