Domestic Bliss

01.12.14 12:28

Сузан Копих, актерка и мајка на две деца која живее и работи во Њујорк, користејќи црнохуморен пристап кон традиционалните семејни фотографии ја создаде серијата предизвикувачки и политички некоректни фотографии насловена како „Domestic Bliss“.

Таа поминала повеќе години правејќи фотографии од нејзиното семејство, но кога стигнала до средината на 40-тите години, сфатила дека таа недостасува во речиси секоја слика. Тогаш решила да ги преземе работите во свои раце, создавајќи фотографии кои ги отсликуваат сите нејзини чувства - дури и противречните и негативните.

Низ симпатичен цинизам и иронија Сузан ги разбива стереотипите за она што е среќно семејство во традиционална смисла, а хуморот е дополнително оружје кое ѝ помага во тоа.

Извор: susancopich.com

ОкоБоли главаВицФото