Три години од убиството на Мартин Нешкоски

06.06.2014 13:17
Три години од убиството на Мартин Нешкоски

На 6 јуни пред три години, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените претседателски збори, 22-годишниот Мартин Нешкоски до смрт беше претепан од припадникот на специјалната полициска единица „Тигри“, Игор Спасов.

Повеќе од грозоморното убиство, револт кај граѓаните предизвика обидот на полицијата да го сокрие случајот, но притисокот на јавноста и мирните протести кои траеја со денови ја принудија власта да проговори.

„Изминаа три години од убиството на Мартин Нешкоски. Три години неправди поради убиство од страна на обезбедувањето на Груевски. Три години неправди од страна на институциите во Македонија. Три години молк што ќе нè кошта сите... Правда за Мартин, слобода за сите!!!“, напиша Александар Нешкоски, постариот брат на Мартин, на својот профил на Фејсбук.

Во продолжение, потсетуваме на дел од содржините на Окно поврзани со убиството на Мартин Нешкоски, обидот на МВР за прикривање на случајот и протестите против полициската бруталност.

Хронологија на настаните по убиството на Мартин Нешковски

Мирјана Најчевска
Случајот со убиството на Мартин не е разрешен

Жарко Трајаноски
CSI: Прашања на кои треба да добиеме одговор!

Жарко Трајаноски
МВР тоне сè подлабоко

femgerila
Тортура на системот

Протестно барање против полициското насилство

Тамара Атанасоска
2 години Стоп за полициска бруталност

Јофе
Полицаец украден на протестите

Зошто протестирам (ВИДЕО)

Промовиран сајтот „Пријави полициско насилство“

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото