Колекција постери од Втората светска војна

10.06.2014 10:40
Колекција постери од Втората светска војна

Сет од 250 постери поврзани со Втората светска војна е пронајден во една лондонска гаража и е понуден на аукција по цена од 20.000 фунти.

По завршувањето на војната, постерите биле спакувани и заборавени, сѐ додека сопственикот не одлучил да ја расчисти гаражата. Колекцијата содржи повеќе од 100 различни дизајни со совети за оние кои „останале дома“. Останатиот дел од колекцијата го сочинуваат постери со патриотски пораки за сојузничките трупи и предупредувања за луѓето кои евентуално би издале некои воени тајни.

Меѓу нив е и реткиот оригинален постер кој ја носи сега веќе „тренди“ пораката „Keep Calm and Carry On“, која е дистрибуирана 1939 година, но никогаш не е јавно изложена.

Претставниците на аукциската куќа Лоренс во Велика Британија тврдат дека колекцијата му припаѓала на некој што бил поврзан со компанијата која ги изработила постерите, а нивната поединечна вредност се движи помеѓу 50 и 1.200 фунти.

Аукционерот Робин Лоренс вели дека оваа колекција е совршено зачувана, а фактот дека е пронајдена на 70-годишнината од денот Д е чиста случајност.

Извор: Daily Mail

Слични содржини

Графички Дизајн / Историја
Графички Дизајн / Око / Историја
Графички Дизајн / Историја

ОкоБоли главаВицФото