Minimiam

21.07.14 13:21

Повеќето луѓе почнуваат да ја губат дивата детска имагинација кога ќе пораснат, но тоа како да не важи за Акико Ида и Пјер Жавел. Од 2002 година, овие двајца професионални фотографи на храна се занимаваат со фотографирање на игривите диорами наречени „Minimiam“, претходно сместувајќи ги малите човечиња во свет кој не знае за друг пејзаж и опкружување освен храната.

Во серијата „Minimiam“, Жавел и Ида ги сместуваат минијатурните луѓе во секојдневни ситуации во кои на лудистички начин се поврзуваат со храната - овошјето, зеленчукот, слатките... Иако првичната цел им била да создадат забавни фотографии, во дел од сликите двајцата фотографи се осврнуваат на проблеми како глобалното затоплување и врската на човекот со природата.

Извор: boredpanda.com

ОкоБоли главаВицФото