The Love Issue

18.08.14 11:51

Во текот на минатата година, илустраторот Симоне Масони соработувал со The New Yorker, кога уметничкиот директор Крис Кари го повикал да ја истражи и илустрира темата „Love (and Old Flames)“ во месец јуни.

Овие илустрации препознатливи по своите точки се сосема мали и не реферираат на конретна статија во магазинот. Затоа Симоне не можел да раскаже поврзана приказна преку нив, туку ги препуштил на „самостоен живот“ насекаде низ статиите.

„Некако се замислив себеси и читателот, како сум невидлив сведок на малечките моменти од секојдневниот живот. Нешто како интимен набљудувач кој не треба да биде таму.“

Дел од задачата која The New Yorker му ја доделил на Масони е да ги направи илустрациите што поприродни, како да се напишани наместо нацртани. Затоа, Симоне ги нацртал сите само со црна и бела боја, додавајќи црвена само кога чувствувал дека мора да додаде.

Извор: simonemassoni.com

ОкоБоли главаВицФото