Тешка сообраќајка во Скопје, ништо не се знае

16.10.2014 11:22
Тешка сообраќајка во Скопје, ништо не се знае

Скопје, 16 октомври 2014

Тешка сообраќајка се случи вечерва на непозната локација во Скопје, при што бројот на повредени е непознат. Не се знае ни точното време кога се случи несреќата, ниту дали има очевидци на настанот. Така што, сообраќајката е наречена тешка само условно.

Не се знае дали полицијата извршила увод на местото на несреќата, ниту дали има преживеани. Не знае ни дали сообраќајката воопшто се случила. Ништо не се знае! Така што не е јасно за што пишуваме.

Подобро е тогаш воопшто да не пишуваме за тоа.