Гренобл: Наместо билборди, дрвја и јавен простор

26.11.2014 03:48
Гренобл: Наместо билборди, дрвја и јавен простор

Градските власти во Гренобл, на чело со „зелениот“ градоначалник, одлучија да ги отстранат од улиците сите рекламни паноа и наместо нив да засадат дрвја, што досега не е забележано во Европа.

Градската управа соопшти дека нема да го обнови договорот со рекламната компанија „JC Deko“, пренесуваат локалните медиуми.

„Одлучивме да се ослободиме од рекламите во јавниот простор во Гренобл и да развиеме простор за јавно изразување“, се прецизира во соопштението.

Тоа значи дека од јавниот простор во Гренобл ќе исчезнат сите 326 реклани паноа, од кои 227 со среден формат, 20 столбови и 64 билборди со површина од осум квадратни метри, кои досега заземаа вкупно 2.051 метар квадратен од јавниот простор, пишува францускиот дневен весник Експрес.

Демонтирањето ќе трае четири месеци, а рекламите, барем засега, ќе бидат задржани само на натстрешниците на автобуските станици.

Наместо демонотираните паноа, метрополата во ронско-алпскиот регион ветува дека ќе засади педесетина дрва до пролет.

Почнувајќи од јануари, властите исто така ќе се состанат со локалните актери во областа на културата заради договор за најдобри локации за садење, и за да се остави повеќе простор за слободно, културно и градско огласување.

Отстранувањето на рекламите од градските улици беше ветување кое сегашниот градоначалник Ерик Пиол, од редовите на партијата Европа-Екологија-Зелени (EELV), го даде за време на кампањата пред локалните избори минатата година, а воедно е и „европска премиера“, наведуваат градските власти.

Лусил Лоурек, задолжена за јавните површини во градот, вели дека првите билборди во дошле во Гренобл во 1976 година, но дека сега тој концепт е „застарен“ и повеќе „не одговара на очекувањата на жителите кои сакаат да си го вратат јавниот простор“.

Маркетинг компанијата која работеше со билбордите на својот сајт вели дека работи со 480.000 рекламни паноа ширум светот и соопшти дека Гренобл ќе изгуби 600.000 евра годишно поради новата политика на градските власти.

Меѓутоа, Лорек смета дека поради конкуренцијата на интернет огласувањето, приходите од уличниот маркетинг би паднале на само 150.000 евра годишно.

До сега само брзилскиот град Сао Паоло се осмели да ги „протера“ рекламите од своите улици.

Извор: The Telegraph

ОкоБоли главаВицФото