Сецирање на живо

11.02.2010 12:18
Сецирање на живо

Сецирање на живо нуди одличен пресек на унгарската раскажувачка умешност на дваесеттиот век. Книгата претставува релевантен увид во унгарската проза, одличен начин оваа не толку позната национална книжевност кај нас сериозно да биде претставена на македонски јазик.

Разновидната и богата книжевна продукција е прикажана со раскази на автори кои се историски значајни за унгарската книжевност, но истовремено и популарни и привлечни за читателите.

Во книгата се застапени 15 автори (Шандор Тар, Петер Надаш, Петер Естехази, Ото Толнаи, Лајош Грендел, Нандор Гион, Лајош Парти Наѓ, Адам Бодор, Жужа Брурија Форгач, Ласло Краснахоркаи, Ласло Мартон, Ласло Дарваши, Ендре Кукорели, Кристина Тот и Ласло Гараци),
при што се добива јасен впечаток за сите најважни струи, стилски правци, поетички начела и идејни преокупации на богатата унгарска книжевност. Шареноликоста на темите, во кои има приказни за љубовта, патриотизмот, меѓусебните односи, падовите и задоволствата на
животот, изгубената младост... овозможува книгата да биде возбудливо читателско искуство.

Приредувачи и преведувачи на книгата се Анамарија Цинеге Панзова и Златко Панзов.

ОкоБоли главаВицФото