Свирачи

03.03.2015 12:17
Свирачи

Полутемнина и улица во еден крај во кој нешто се случува. Насобраните глави слушаат и гледаат. Окото минува од плочникот кон инструментот што свири, што се движи на своите тркала, кон колата што минува низ ноќта. Остриците на пламенчињата од гасните светилки ја пресечуваат толпата и ги разделуваат рацете што се држат, сите погледи што тежат и случајните звуци. Сиот народ е тука, во ист миг, собран на распаќето. Гласовите што се растураат го водат потегот врз струните кои постојано чкрипат и умираат. Потоа еден знак од небото, некакво движење, кое го прибира сето тоа и сè исчезнува во некој скут од облеката, во некој ѕид што се крие. Сè се лизга и измаглина ги обвиткува минувачите, ги растура одеците, го крие човекот, групата и инструментот.

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Жак Кало

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото