Каролина, да ти објаснам зошто ти го поставив прашањето за бомбите

13.03.2015 12:55
Каролина, да ти објаснам зошто ти го поставив прашањето за бомбите

Имав трема у пичку матер, ми се тресеше мобилниот, ќе ми паднеше од раце! Еден камерман до мене ми вика: абе аман, смири се, ти се тресе телефонот, ќе ти падне од раце.

Епа јебига, имам трема, што да правам, му реков. Имав ужасна трема зашто сите беа како успани со прашања до Каролина од типот: Кики, а дундата кога ја депилираше и у кој облик, ако може да знаеме... И јас тука влегувам како талибанец со прашање кое е толку нормално, но во ваква ненормална Македонија прозвучи како да сум ја прашал Каролина кога планира да се зачлени во ИСИЛ и да замине за Сирија!

Затоа прашањата не ми беа во целост како што ги замислив, па да се дообјаснам вака тука.

Вака значи: мислам дека воопшто не е фер што јавните фаци во земјава ја оставаат битката со режимот само на грбот на опозицијата и новинарите, оние малкуте што се критички. Мора да ни помогнат!

Не може ние да гинеме, да скапуваме по затвори, да нè тужат, да нè газат, а тие да држат пресови како да живеат во Шведска! Во оваа држава беше јасно цело време, а сега е јасно и црно на бело, дека режимот влече народ за уши, се заканува дека ќе фрла во ендек, пали кафеани, со бараби со беџови на МВР вршат насилие, гасат струја по телевизии, уценуваат деца сираци, вршат поткуп, упаѓаат со ДБК во депоа со избирaчки материјал, бркаат новинари од МТВ, институциите ги претвориле во партиски штабови, печателе лични документи, гаселе лифтови, делеле вреќи брашно, правеле планови и извршувале планови според кои опозицијата требало да се сотре! Признаваат дека се лудаци и дека државата е пред банкрот! Режимот признава дека затворал медиуми на Сашов начин, бутале пиштоли у уста, смрта на Мартин Нешковски за нив била заебанција...

Сето ова треба сите нас да нè загрижи и сите што имаат каква и да било јавна платформа за изразување, ФБ профили, твитер профили, медиуми, блогови, место пред кооперација и слично, треба сите заедно да се бориме против ова зло!

Особено се повикани јавните фаци кои имаат армија од десетици илјади фанови! Тие мора да покажат одговорност, храброст, лидерство!

Не може Тамара да јава коњ на Куба заедно со синот на Сашо Мијалков додека тој ни ебе маме тука на сите и цела држава плаче од него. Не може ни Каролина да држи прес како ништо да не било и на моето прашање да одговара дека имала мислење ама немало да го каже?!

Музичките ѕвезди од светот отсекогаш се бореле за битни општествени прашања. Џон Ленон е пример за тоа, да не зборуваме за членовите на групата U2. Се бореле против расизам, против војни, за правата на ЛГБТ, феминистички прашања, прашањата на сиромашните итн. Не може, педерски е нашите ѕвезди да чекаат повик од владата за со државни пари да бранат државни интереси, оние кои ќе ги одобри ДПМНЕ. Мора и самите на своја рака, без пари, со ризик да претрпат и штета да застанат зад некои основни вредности. Инаку сите ќе им го паметиме овој молк и ќе го сметаме за соработка со РЕЖИМОТ!

Засрамете се, Каролина, и сите други пеjачи кои молчите!Засрамете се и вие од Авалон кои, верувам, сте ѝ забраниле на Каролина да зборува за сето ова. Особено сега кога се виде дека и семејството на Тоше Проески било цел на уцена и притисок!

Сопственикот на Авалон има многу коректен однос со Мактел и со мене како новинар, тоа го покажал и со приватни пораки, а и лично во комуникација. Сепак мислам дека тоа не е доволно за она што ни се случува. Сите мора да го понесеме товарот. Не можеме да очекуваме само Заев да го изнесе целиот товар сам на своите плеќи, уште 1.000 луѓе од првите ешалони на опозицијата и уште стотина соросоиди!

Се сеќавам на сликите од славните турски актери кои беа во првите редови на протестите против Ердоган. Слично беше и со протестите против Милошевиќ. Еве ви шанса да покажете колку сте со народот, колку сте со погазените, еве, покажете од каков материјал сте направени, а не само да ве гледаме на партиските митинзи на ДПМНЕ, сите наредени како скапа ергела на скапо платени пејачи, платени со нашите пари украдени и вам дадени за корист на Грујо и фамилијата!

Извор: Мактел, 12.03.2015.
Слика: Свирачиња