Бомба #10: „Не знам дали вака можам да ти доловам со шифри...“

15.03.2015 16:58
Бомба #10: „Не знам дали вака можам да ти доловам со шифри...“

Извадоци од прислушкуваните разговори меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Добро бе, ако ми е тоа решение, јас ќе си искомбинирам, сфаќаш?
МЈ: Со тоа... не е лошо да ми кажите колку, па... ја вака, овие што се помоќните ќе му кажам дека некој ми кажал, без да навлегувам многу...
НГ: Колку цена? 400 било, прашав.
МЈ: Добро.
НГ: 400 евра од квадрат, со вклучени-платени комуналии и проект.
МЈ: Мислам дека е објективна таа цена, за тоа место. Ќе терам јас паралелно и со другото.
НГ: Терај. Терај го ти другото и терај го ова, ако искочи нешто, супер.
МЈ: Да де, и двете да.
НГ: Јас сеа мислам комбинација како да не ја пропуштам таа шанса. Најверојатно ќе направам некоја комбинација, ќе ми дадат рок таму за тоа второто... Подолг рок за да се... сега да не зборам вака директно...
МЈ: Да де, океј.
НГ: ...да се реализира.
МЈ: Ве разбирам, да.
НГ: Ќе ми остават подолг рок и некако така ќе ја скрпам работата.

***

(...)

НГ: Добро, ти оцени како мислиш, само да не ти искочи по весници нешто. Мада, немаше нешто спектакуларно за по весници. У секој случај превземи го, секоја втора недела терај го.
МЈ: Добро.
НГ: Значи ти си одговорен за спроведување на договореното од комбето.
МЈ: Во ред.

(...)

НГ: Океј. Тоа ми беше втората точка. Ако може да го изгураме пред овакво...
МЈ: Да де да.
НГ:... Ппред овие да се распишат, знаеш...
МЈ: Така.
НГ: Мада, мада па чув дека и кога ќе се распишеле они ќе си држеле Совет до некое време, не знам до кога.
МЈ: Ама, можи денеска... не знам и Собраниево да видиме законите како че ги носи. Оти она што ме заложивте, веќе направивме Акционен план, да си кликниш, и една градежна парцела да си видиш, и плус ќе додадиме таму и одобрение за градење дали има парцелата, нема одобрение за градење, план донесен, кога е донесен. Сите параметри да ги има на едно место.
НГ: Ја да ти кажам, не сум ни видел како е направен тој ДУП, пошто немаше време, само реков нека го распределат на повише парчиња. На колку парчиња го имаат распределено не знам. Ја би го направил на 20 парчиња, пошто тоа е големо.
МЈ: Реално можи на 3, 1000 некаде е океј парцела. Ќе видам, ќе Ви кажам, ама да се вратам. Утре сакав да се вратам...
НГ: Не, не, не, чекај, чекај, чекај, не за тоа, не за тоа. Тоа е океј, за тоа во право си. Ама, за ова другово сега ти зборам. Нели ја ти кажав дека во меѓувреме...
МЈ: А за тоа другото океј.
НГ: Нели ти кажав дека во меѓувреме збркав друго.
МЈ: Знам, знам, океј е тоа.
НГ: Е. Сега тоа ми е исто хитно како и ова. Дури похитно ми е тоа, знаеш.
МЈ: Добро.
НГ: Тоа е многу поголемо, тоа го начекав јас за џабарлак, ти кажував.

(...)

МЈ: Да не е многу на 20 да се подели?
НГ: Не е многу, по 500. По 500 и кусур.
МЈ: Добро. Оти...
НГ: Колку имаат по 500? Многу, така?
МЈ: Да, да, добро.
НГ: И што губам ако го поделам на 20? Ништо, така?
МЈ: Да де да.
НГ: Имам зошто. Кога ќе се видиме ќе ти кажам. Значи размислував...
МЈ: Не, не, океј. Ако е таков концепот, океј. Само треба да видиме...
НГ: Имам зошто.
МЈ: Добро.
НГ: Ама нејќев по телефон да зборам зошто.

МЈ: Не, не ќе Ви кажам утре.
НГ: Многу е логичен концептот зошто.
МЈ: Јас сакав утре да стигнам и на Влада, само не знам ова со авиониве како ќе биде...
НГ: Е сега он дали го поделил на 10, дали на 50, дали на 20, појма немам да ти кажам право. Пошто ја преку еден човек, тој човек преку Алек, Алек таму иде. А ја по патишта по ова, по она, немам појма како излгеда тој ДУП....
МЈ: Ако стигнам утре на Влада, ќе го викам, ќе се видиме со него и ќе Ви презентирам. И ќе го нацртаме ние како што треба, и ќе го тераме.
НГ: Висина, висина максимум што може таму, колку се дава висина, не знам.
МЈ: 10.5, 10.2.
НГ: 10.2. Поише не може?
МЈ: Не. За индивидуално не.
НГ: Океј, 10.2, 10.2 нека биде. Уствари чекај, да не ја утнам што викаш ти. А бе тоа дур не го видиш не можеш, ама ајде.
МЈ: Ќе го видиме утре на лице место, ќе го земам ја.
НГ: Прашај го ти на колку е поделено. Знаеш што беше идејата? Тоа е сега таму на еди кој си, така?
МЈ: Да де да.
НГ: Кога ќе дојде време, може тој еди кој си да си откупи едно парче само. Не знам како да ти објаснам.

МЈ: Само добро е да има преддоговор. Добро ако се знае човекот, да не му се зголемат апетитите.
НГ: Нема да му се зголемат. Мислам, формално може да се откупи толку, иначе ако се откупи 11 ќе се дигне џева, сфаќаш?
МЈ: Океј.
НГ: Е нема 11, на пример едно ќе се откупи, формално. Иначе тоа е завршена работа, 11 се откупени.
МЈ: Аха, добро.
НГ: Али формално, за вака за... едно се откупува на пример.
МЈ: Утре јас ќе го земам тоа...
НГ: Па за тоа другото ќе се каже, тоа другото си е на тој, не го знаеме на кого е.
МЈ: Да де да.
НГ: Тоа е едно, едно земавме сега.
МЈ: Да де да. Утре...
НГ: Не знам дали вака можам да ти доловам со шифри, ама...
МЈ: Не, не океј, сфатив, сфатив. Значи како и да е утре...
НГ: Оти ќе дојде време ќе треба да се озваничи нешто, така?

МЈ: Да де, јасно.
НГ: Треба да се појави некаде некој таму, да отиде да рече, еве јас сум, ја ова сакам да го правам. И сега ако отиде да го прави на 11, одма ќе има ука-бука.
МЈ: Да де, ќе падне во очи.
НГ: Како, што, зошто, од каде, а-у, колку, што, пресметки, ваму-таму. А вака формално зимаш едно од тие 11 на пример, или две. Ме сфаќаш?
МЈ: Така.
НГ: И викаш еве ја едно земав, едно е толку и толку. А тоа другото ќе си стои така.
МЈ: Океј.
НГ: Па понатаму како ќе...
МЈ: Океј.
НГ: ...минуваат години, може после и тоа да се...

(...)

МЈ: Така, да. Тоа ќе Ви го кажам утре. Сакав да го земам...
НГ: Пред да, пред да се избере новиот состав, ме разбираш? Оти новиот состав е неизвесно, не знаеме што ќе биде.
МЈ: Така е.
НГ: Е така. А за тоа помалото, тоа не ми треба уствари да се дели, зошто? Нели го направивме тоа да може и друга варијанта да биде, така?
МЈ: Е па за другата варијанта Ви викам на три да се подели, за да биди друга намена, како што зборевме. Да има таква можност.
НГ: А ако остане едно, ќе биде едно големо, така?
МЈ: Да де да. Многу големо е така.
НГ: Е па неам појма, нека си остане големо. Што знам? Ако е големо, можеш и да го направиш и мали, ако е, ако го поделиш не можеш големо да го направиш.

***

НГ: (...) Знаеш што ми текна мене. Вчера ова ливчево што ми го покажа ти.
МЈ: Добро.
НГ: Ми викаш пола патот е ваму, пола е таму, така?
МЈ: Грубо, да.
НГ: Па да им го бутнеме таму поише. На нивна територија, мислам на работ кај нив, ама цело кај мене да се гледа.

МЈ: Види, максимално е направено, бидејќи оди по срт некој. После ќе има многу дополнителни работи, од тој аспект. Зошто е баш на сртот на тоа како што е самата топографија, оти после е малку као, као стрмина. И ние го гледавме, максимално да се направи, за да може патот да се направи.
НГ: Добро, добро, тоа не го знаев. Ја мислев дека е рамно, си викам што па на пола?
МЈ: Не, не. Прво беше, ако се сеќавате...
НГ: Тие да беа на наше место на пола ли ќе го стаат?
МЈ: ...Mалку погоре, па го спуштивме ние најдолу што може, за да, оти после е пад голем.
НГ: Мхм. Добро, океј ако е така, океј.
МЈ: Ќе проверам уште еднаш дали може да оди пониско, ама максималното...
НГ: Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола, да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.
МЈ: Така да. Ќе проверам уште еднаш.
НГ: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.
МЈ: Така.
НГ: А го израмнуваш горе ти, така?
МЈ: Да, да, да.
НГ: Подигањето, и се израмнува.
МЈ: Уствари така ќе дојде малку патот, ќе имаат тука малку насип. Како и да е, ќе мора да има насип.
НГ: Да. Добро.

Напомена на Окно: На неколку места, обележани со (...), ги скративме транскриптите.


Слики: Свирачиња

Извор: СДСМ / Нова ТВ