Девица сликана од профил

23.03.2015 17:33

(потекнува од слика од гробница на египетското Средно царство)

Жена во бел долг фустан принесува жртва,
со едното колено клекнала, другото колено го подигнала.
Рацете ги раширила, дланките удолу свртела,
врвовите на прстите благо ги свиткала.
Рбетот ѝ е исправено стебло. Увото што се гледа
единствено останало врз црната геометриска фризура.

Во што гледа таа со своето косо празно око?
Празна е амфората пред неа.
Исто е и со чинијата и со тесната вазна.
Таа вкочането клечи во текот на церемонијата.
Никој не стои во нејзина близина,
а светот околу неа е само млечна магла.

Заминаа: девојките, родителите, свештеникот во одората,
луѓето од нејзиниот град, па дури и боговите.
Беше толку обземена
со обредот, па не ни слушна
кога ја довикуваа и потоа си отидоа.
Гредите се претворија во песок и честици
разнесувани од пустинскиот ветар.

Таа не слушна, ниту кога било ќе слушне.
„Дете, дете, разбуди се“, како што ѝ викаа,
без да можат да го прекинат нејзиниот транс,
па си заминаа со својот имот
смотан во свето сукно, со пците и коњите.

Тие умреа. Некаде реката и натаму надоаѓа,
рибите се хранат и полињата обработуваат.
Штотуку умрените се положуваат во жива земја.
Таа за тоа ништо нема да дознае.
Совршенство на залудноста е она
што таа сега ни нуди, како што нудела и некогаш.

До нејзиниот ѕид не се подига никаква река
заматена со тиња, што напролет поплава носи.
Нејзиниот пејзаж е чиста прашина.
Нејзе која своите бедра никогаш со живот
не ги извалкала нема да ѝ биде дозволено
со лотос во раката и како невеста да влезе
во со метеж полното кралство на вистински мртвите.

Розана Ворен (Rosana Warren, 1953), американска поетеса. Студирала сликарство. Преведува од француски (Дневниците на Андре Дерен, стиховите и прозата на Жерар де Нервал итн.). Била уредничка на познатото списание Partisan Review. Иако напишала малку песни (само шест стихозбирки за 35 години творештво, слично како многу пославната Вислава Шимборска), Розана Ворен е мошне ценета меѓу познавачите и застапена е во повеќето понови антологии на американската поезија.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото