Граѓаните ѝ плаќаат на државата за здравствени услуги кои не ги добиваат!

08.04.2015 12:19
Граѓаните ѝ плаќаат на државата за здравствени услуги кои не ги добиваат!

Добив одговор од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Прашав, какви права од здравствено осигурување имаат луѓето кои се ангажирани врз основа на договор на дело и кои ќе ги платат давачките?

Ми одговорија дека лицето кое остварува приход врз основа на договор за дело ги остварува правата за здравствено осигурување за времетраење на договорот за дело. Со престанок на важење на овој договор се губи овој основ на осигурување.

На интернет страницата на ПИОМ е напишано: Лицата кои се обврзници за уплата на придонесите, сами за себе (вработени, пензионери и невработени лица) се должни да достават Пријава за износот на примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор до Фондот на ПИОМ ВО РОК ОД 5 ДЕНА ОД ПРИЕМОТ НА НАДОМЕСТОКОТ.

Што значи ова во превод?

Склучувам договор за пишување на текст од 1.04 до 30.04.2015 за што треба да добијам 15.000 денари. Кога ќе го предадам текстот (на 30.04.2015), во рок од 15 дена треба да ми бидат исплатени средствата од договорот. На 15.05.2015 ми се исплатени средствата со што завршува важењето на договорот (двете договорни страни ја извршиле својата договорна обврска). Во рок од 5 дена пријавувам до ПИОМ (значи на 16.05.2015 е пријавено дека сум примила 15.000 денари).

Во моментот кога се пријавувам и ми се пресметуваат давачките врз основа на договор за дело, договорот е веќе завршен и јас не можам да користам никакви здравствени услуги.

Заклучок:

Давам пари на државата за услуга која не можам да ја користам.

ВО ПРАВОТО ОВА СЕ ВИКА ИЗМАМА И ЗА ОВА СЕ ОДГОВАРА ВРЗ ОСНОВА НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња