Тие патуваат низ воздух

27.05.2015 14:56

Собата е поинаква, полоша
месецов кога твоето тело
со прицврстена глава
и мојата глава со
прицврстено тело
накусо се поклопуваат

јас сакам прашања а ти сакаш
само одговори, но зградата
постепено се загрева, нема многу
време, времето веќе не е
за нас доволно брзо, зградата станува
збришана, скршнавме од насоката,
се раздвојуваме, настрвуваме еден кон друг
со брзина на звук, сè бучи

слепо се судираме и
паѓаме, нашите парчиња
се мешаат како несреќа
и се кршат од подот на собава
во хаотични сребреникави делчиња

Препев: П.В.

Маргарет Етвуд (Margaret Atwood, 1939), најпознатиот/ата писател/ка од Канада. Нејзиниот опус опфаќа дваесетина книги во различни жанрови: стихозбирки, збирки со кратки раскази, романи, книжевно-историски есеи, антологии... „Етвуд ги сложува визуелните, звучните и тактилните настани во толку остар и изненадувачки јазик што нејзините слики прскаат на секоја страница. Таа навидум нуди мало шише парфем, за кое подоцна откривате дека е Молотов коктел.“

ОкоБоли главаВицФото