Холограм против талибанци

27.06.15 13:59

На 6 и 7 јли во 2001 година, талибанските вооружени сили уништија две огромни статуи на Буда, познати како Будите од Бамјан во Авганистан.

Статуите во долината Бамјан некогаш претставувале важно место за аџилак на будистите, но талибанците ги „анатемисале“ како лажни идоли и ги уништиле користејќи артилериски гранати. Со години се разговараше за тоа како и дали можат да се реставрираат, а УНЕСКО ги прогласи урнатините за „културно наследство во опасност“ во 2003 година.

Џенсон Ли и Лијан Ху им понудија на Авганистанците привремно, но инспиративно решение: да проектираат убави, реалистични холограми на Будите на истото место на кое тие некогаш стоеле. За својата идеја Ју и Ху претходно добиле согласност од УНЕСКО. Иако само 150 луѓе присуствувале на проекцијата, која не доби голем публицитет, проекцијата претставува искра светлина по една деценија војна во таа област и симболична победа на слободата и разумот над лудилото на талибанскиот радикализам.

Извор: artnet News