Графитите на Шамсиа Хасани

29.07.19 01:01

31 - годишната Шамсиа Хасани (Shamsia Hassani) е првата жена која црта графити и мурали на улиците на Кабул, во Авганистан. Дел од детството го поминала во Иран, кадешто побегнала од војната во Кандахар заедно со семејството. Денес предава на Универзитетот во Кабул, а како што вели графитите ги црта за да го сврти вниманието врз последиците на долгогодишната војна во Авганистан. Но нејзините цртежи и мурали се изработени во живи бои. „Сликите иммат поголем ефект од зборовите“, вели таа.

Хасани е и борец за женските права и со своите графити таа потсетуваа на трагедиите со кои се соочувале и уште се соочуваат жените во Авганистан.

Нејзините дела досега биле изложувани во САД, Индија, Швајцарија, Иран, Германија, Норвешка, Данска, Турција, Виетнам и Италија.

 Извор: huckmag.com

ОкоБоли главаВицФото