На брегот на островот што исчезнува

01.07.2015 10:53
На брегот на островот што исчезнува

Горамара е остров сместен на делта во регионот на Западен Бенгал. Поради климатските промени (особено поради снегот кој се топи на Хималаи), островот исчезнува. Од 1969 година површината му е намалена речиси за половина.  

Горамара е остров сместен на делта во регионот на Западен Бенгал. Поради климатските промени (особено поради снегот кој се топи на Хималаи), островот исчезнува. Од 1969 година површината му е намалена речиси за половина.  

Иако според индискиот попис на населението од 2001 година островот го населуваат 5000 луѓе, посетата на локацијата уверува во спротивното. Според некои процени, две третини од населението се отселило од островот во изминатите неколку години.

А од луѓето кои сè уште живеат на островот, од оние кои успеале да се изборат за живот, поголем дел се сточари и рибари. Со други зборови, луѓе чија егзистенција зависи од се’ помалиот остров.

 

Јужнокорејскиот фотограф Даесунг Ли го посети островот во 2012 година за да ги направи овие фотографии. Додека бил таму, открил горда, но и се’ поочајна заедница. Внатре во заедницата можел да ги види трагите од наследството кое исчезнува како што плимата расте. „Видливите корења на билките уништени од ерозија на почвата го илустрираат немањето темели во животот на луѓево. Морето го голта нивното минато, додека иднината останува неизвесна.“

 

Гледајќи на заедницата отстрана, сликата не е многу подобра. На пример, низ разговор со индиски државен службеник, фотографот дознал дека во следните две декади индиската влада ќе го напушти островот. Веќе е изграден и план за евакуација на селаните на друг остров, но тој план не содржи осигурување, ниту финансиска помош или компензација.

 

Според зборовите на Ли: „Постојаното редуцирање на брегот и исчезнувањето на вегетацијата зад себе остава крајбрежен седимент кој содржи своевидна иронична убавина среде сите оголени брегови. Можете таа убавина да ја наречете трагична убавина, предизвикана од човечка рака.“

За тоа како настанала серијата фотографии, вели:

„Ги сместив селаните на брегот и ги фотографирав нивните портрети спротивставени со островот кој исчезнува, така што изгледаат нереално. Но, тоа е вистинската ситуација на луѓето кои живеат таму. Ќе дојде ден кога овие луѓе нема да имаат друг избор отколку да се иселат од својот роден крај. Еден ден, овој остров на кој се родиле, ќе постои единствено во нивните сеќавања – како нереално место.

извор: pogledaj.to 

 

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Фотографија / Книжевност / Настан
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја
Фотографија / Книжевност / Настан
Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Фотографија / Книжевност
Фотографија / Уметност

ОкоБоли главаВицФото