Почивај во мир, Бате Шпиц

02.07.2015 12:27
Почивај во мир Бате Шпиц!!!

Првиот македонски уличен артист, алтернативен пионер, поборник за квалитетна музика, андерграунд борец, одличен музичар, другар на младите и учител за алтернатива. Зоран Ангеловски – Шпиц беше секогаш спремен да помогне и посоветува, секојпат искрено, без правење лице и подлизување. Шпиц нè фалеше и критикуваше, нè советуваше и наговараше секој пат да останеме свои на своето да не се менуваме и правиме компромиси со нашите музички дела.

 

Бате Шпиц е роден 1954 година и од најрана возраст се вљубува во музиката и особено во гитарата (иако свиреше неколку инструменти). Во 1972-73 го основаат култниот состав Машинска Глава со кој бележеа успешни концерти и настапи ширум Jугославија. Потоа влезе во составот на Банана Фиш Бенд со браќата Ансарови со кои исто така имаат голем број настапи ширум Македонија и Југославија. Во осумдесеттите тргнува да го прави она со кое ќе биде препознатлив целиот свој живот уличниот перформанс. Сигурно е првиот уличен артист во Македонија, а сигурно и пошироко, и како таков ја има прошетано цела Европа. 

По прошетките и џем-сесиите низ Европа се прибира дома и во центарот на Скопје заедно со Уки ги забавуваа Македонците. Од таа дружба со Уки и неговиот син Мики ја формираа групата АФТЕР ДИС (After This) со која имаат снимено 2 албума кои сè уште не се објавени.

Се сеќавам кога му кажавме за Бла Бла ТВ, се израдува и ни кажа дека сме на прав пат, требаше да снимиме и едно специјално интервју кое за жал заради неговата прерана смрт нема да го оствариме, но затоа ветуваме еден добар документарен филм за човекот кој ги свиреше првите рифови кога за истите во тоа време можеше да се  заглави во црни дупки. Шпиц ја отвори улицата за сите музичари и ако денес сретнете некој да свири на улица знајте дека тоа го прави благодарение на пионерот Зоран Ангеловски Шпиц. СЛАВА МУ!

 

Шпиц не треба и нема да се заборави и младите генерации ќе се сеќаваат на неговите муабети, совети и заебанции, бидејќи тој беше еден од ретките повозрасни луѓе кои имаа млада душа и се спуштаа на нашето ниво.

ПОЧИВАЈ ВО МИР, ШПИЦ! ЌЕ НИ НЕДОСТИГАШ МНОГУ, НО ЗНАЕМЕ ДЕКА АНГЕЛИТЕ СЕГА УЖИВААТ ВО  ТВОЈОТ ЏЕМ ГОРЕ ЗАЕДНО СО МАРЛИ, МОРИСОН, ХЕНДРИКС И ДРУГИТЕ КОИ ЌЕ ДОЗНААТ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА АЛТЕРНАТИВНАТА МУЗИКА ИМА СВОЈА СИЛА!

Извор: blabla.mk

ОкоБоли главаВицФото