Ангела Меркел разменува нежности со партнерката

28.07.2015 16:53
Ангела Меркел со својата партнерка разменува нежности – прегратки и бакнежи. Во реклама.

Рекламната кампања за новото германско списание за лезбејки „Straight“ ги разбуди духовите. А како да не дојде до тоа кога во новообјавената видео реклама, главна протагонистка е жена која на неверојатен начин наликува на германската канцеларка Ангела Меркел! Притоа жената со својата партнерка разменува нежности – прегратки и бакнежи.

Во првата реклама „Меркел“ гледа низ прозорецот, додека во позадина се слушаат вести од радио во кои се говори за тоа како 62% од населението во Германија го поддржува истополовиот брак. Во тој момент на Меркел од зад грб ѝ приоѓа жена и тие нежно се прегрнуваат. Во другото видео „канцеларката“ седи на креветот и се облекува, а истата жена повторно ѝ се приближува и нежно ја бакнува.

И покрај тоа што појавата на двојничката на Меркел во оваа рекламна кампања предизвика голема возбуда, дел од германските уредници на списанието „Straight“ тврдат дека намерата не им била да предизвикаат некаков конфликт, туку да ѝ испратат јасна порака на германската влада – законите за рамноправност на ЛГБТ популацијата се застарени, а „за тоа е свесна дури и Ангела Меркел“, пренесува „Pink News“.

Рекламите се објавени во неделата која беше поразителна за германската канцеларка, во текот на која за само седум дена таа успеа цврсто да се спротивстави на истополовите бракови и на чувствителната групација на млади имигранти во Германија.

„Според мене, бракот е заедница меѓу маж и жена. Така јас гледам на тоа, но ги поддржувам животните партнерства“, изјави Меркел во едно неодамнешно интервју.

Во Германија се дозволени животните партнерства при кои се овозможени одредени права од брачната заедница. Но коалицијата ЦДУ/ЦСУ на канцеларката Меркел непречено го одбива истополовиот брак, без оглед на повеќекратните барања на ЛГБТ активистите, опозициските лидери и самиот германски народ.

Извор: http://www.crol.hr/

ОкоБоли главаВицФото