Со други зборови

05.08.15 13:43

„Со други зборови“ е проект на фотографката Лорин Ренер од Бруклин кој ја доловува ранливоста и сомнежот на луѓето во себе, поради она што другите го мислат за нив. Инспириран од периодот во нејзиниот живот кога започнала да се гледа со жени, Ренер забележала дека луѓето почнале да се однесуваат поинаку кон неа, етикетирајќи ја нејзината сексуалност.

Фотографката, чијшто карактер, се разбира, не се променил само поради нејзината сексуална ориентација, била фасцинирана од тоа како луѓето главно продолжуваат да ги стереотипизираат другите луѓе според изгледот на нивните тела и љубовниот живот. За нејзиниот проект, таа избрала јавни места на кои ги фотографирала моделите кои испишале стереотипни ознаки на своите тела. Изложувајќи го нивниот личен простор и ранливоста пред другите, Ренер го доловува најчистото и вистинско себство на моделите.

„Мислам дека луѓето премногу лесно ги категоризираат другите, до степен до кој повеќе не се свесни дека го прават тоа. На крајот, ги ставаме луѓето во кутии затоа што потсвесно тоа ни олеснува ментално да ги 'свариме'. Кога гледав како луѓето прв пат го гледаат мојот проект, тоа беше огромно искуство за мене, затоа што можев да видам како тие реагираат кога кутиите на кои се навикнати мораа да им бидат одземени“, објаснува фотографката.

Извор: Art-sheep

ОкоБоли главаВицФото