Сапуница и насмевки

31.03.15 13:01

Во својата сè уште недовршена серија фотографии „Сапуница и насмевки“, американската фотографка Саманта Фортенбери портретира различни типови луѓе во када. Таа ги замолува моделите да соберат повеќе предмети кои им значат нешто и да ги стават во кадата додека се капат, или пак таа самата им создава „сценографија“ според нивните идеи.

„Сакав да соберам што повеќе различни луѓе, со различни облици и големини, за да ја доловам варијабилноста на убавината на секоја личност“, вели Саманта Фортенбери.

Извор: www.samanthafortenberry.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото