Марш на црвените чадори

16.12.23 12:45

Во пресрет на одбележувањето на 17-ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, сексуалните работници здружени во СТАР - прв колектив на сексуални работници на Балканот и Здружението ХОПС - опции за здрав живот, го посветуваат овој значаен ден на конечната правда за сексуалните работници по пресудата на Европскиот суд за човекови права Д.Х. и други против Северна Македонија.

По тој повод, под слоганот „5353 денови до правда”, традиционално се одржа Маршот на црвените чадори. Маршот започна на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија” и заврши на плоштадот „Филип Втори”.

Сексуалните работници, чекаа правда, и извојуваа победа што е од значителна важност за сите сексуални работници во државата, и во цела Европа.

Со слоганот „5353 денови до правда” тие испратија порака до јавноста и институциите дека како една од најмаргинализираните заедници во државата заслужуваат почит и заштита како и сите останати граѓани и бараат еднаков хуман третман базиран на принципот на почитување на човековите права, загарантирани со законите и Уставот на РСМ.

 

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото