1019 hPa
82 %
15 °C
Скопје - Сре, 01.05.2024 02:01
Рускиот уметник кој живее во Москва и работи под псевдонимот FFO создаде серија колажи во кои користи класични, винтиџ илустрации кои откако ќе поминат низ неговите раце, изгледаат како природна комбинација и целина.
Освен возбудливите колажи, FFO создаде и своја азбука, фонт составен од флорални елементи во комбинација со коски, мускули и човечки органи. Иако со своите дела стекна голема популарност на интернет, сè уште зад себе нема ниту една организирана самостојна изложба.
„Тоа ми се чинеше како недостижен сон, но стекнувам самодоверба поради пораките со поддршка што ги добивам секој ден. Ветувам дека ќе купам нов монитор што поскоро, ќе работам уште повеќе и еден ден можеби ќе можете да дојдете на некоја моја изложба“, вели по малку шеговито FFO на неговиот блог, одговарајќи на писмо од читател.
Извор: ffoart.tumblr.com