1011 hPa
58 %
28 °C
Скопје - Вто, 21.05.2024 15:40
Валдемар вон Казак (1973) е современ ликовен уметник од Русија, чии богати илустрации се шокантни за многумина.
Валдемар се инспирира од илустрациите од средината на 20 век па така често црта пин-ап девојки и летечки автомобили со ретро естетика од шеесеттите. Неговите забавни илустрации често изобилуваат со возбудливи детали, скриени пораки и политички некоректен хумор. Еротиката е многу присутна во неговите дела, често со иронична функција.
Од друга страна, неговата уметност е мошне слоевита и, провоцирајќи, се обидува да ја поттикне публиката да ги промислува комплексните општествени прашања.
Валдемар ги гледа своите илустрации како сатирични цртани филмови. Дијапазонот на неговите мотиви е широк – некои од неговите најпопуларни илустрации се оние на сирени и роботи, со силен дистописки предзнак.