„Скопје, те сакам“: серија накит на Дафина Џепароска и Нита Муча

17.09.2015 13:48
„Скопје, те сакам“: серија накит на Дафина Џепароска и Нита Муча

„Скопје, те сакам“ е втор дел од заедничката колекција на Дафина Џепароска и Нита Муча, на тема мојот град. Овој проект е инспириран од симболите на градот, кои сè повеќе се отфрлаат, искоренуваат или преобратуваат преку новите културни политики за бришење на нашата историја и создавањето нова.

Оваа колекција е директна критика на сегашниот изменет изглед на градот, чија цел е да придонесе во подигнувањето или будењето на свеста на граѓаните, да поттикне размислувања за креативно дејствување во просторот и секако, готовиот продукт да ги разубави потрошувачите.

 

Проектот „Скопје, те сакам“ се надоврзува на „Скопје, град на солидарноста“, во кој Џепароска и Муча исто така изработија парчиња накит кои реферираат на модернистичкото и југословенско архитектонско наследство на градот, кое е под силен удар на ревизионистичките политики на актуелната власт.

Извор: Behance