За и околу владината ограда

08.10.2015 10:23
За и околу владината ограда

Споменикот на ослободителите на Скопје сепак ќе биде заграден со големата метална ограда поставена на тешки, високи бетонски столбови околу владината зграда. Изградбата на оваа грдосија, која потроши 700.000 евра народни пари, наскоро ќе биде завршена и конечно заокружен проектот за целосна изолација, за одвојување - физички, визуелно, симболички - на владетелите од народот.

Опозициската СДСМ неодамна вети дека кога ќе дојде на власт „прво“ што ќе преземе - како симбол на ослободување од режимот - ќе биде уривање на оваа ограда. Бидејќи тој момент е сè уште далеку, треба да се размисли како да се дејствува сега, веднаш по сечењето лента и пуштањето во употреба на проектот. Можеби е подобро наместо да се урива, оградата да прошири и да се надгради. На пример, да се надоврзе еден слој бодликава жица, да се пушти оголен кабел со струја, на секој втор столб да застане стражар со калашников, а на главната влезна капија да се стави табла: „КПУ Влада на РМ“. Прв од затворениците да се ослободи споменикот (пред Вале да му скокне и да го силува), а потоа да се свика народен трибунал за да реши дали владиниот тим (сега сите во исти, пругасти, маици) ќе мора да остане уште десет години - кој повеќе, кој помалку - и дали воопшто некој од нив заслужил да биде пуштен надвор од кругот на барокната зграда. За, евентуално, да се брани од слобода. Доста им гледавме низ прсти, шанса е да ги гледаме низ решетки.

Извор: Слободен печат

ОкоБоли главаВицФото